свет

САД: Трамп ќе се состане со Лавров во Вашингтон

Состанокот во Овалната соба ќе се одржи во 10.30 часот претпладне и ќе биде затворен за медиумите, се соопштува од Белата куќа

Canberk Yüksel  | 10.05.2017 - Обновена : 10.05.2017
САД: Трамп ќе се состане со Лавров во Вашингтон

New York

ЊУЈОРК (АА) - Според последното соопштение од Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе одржи состанок во Вашингтон со рускиот министер за надворешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).

Состанокот во Овалната соба ќе се одржи во 10.30 часот претпладне и ќе биде затворен за медиумите, се соопштува од Белата куќа.

Според претходното соопштение издадено од Стејт департментот, исто така е закажана средба и меѓу Лавров и државниот секретар, Рекс Тилерсон, на која се очекува да дискутираат за Украина, Сирија и за билатералните прашања.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın