свет

Шведска од САД побара појаснување на изјавата на Трамп

„Сакаме да знаеме што сакаше со тоа да каже Трамп. Преку амбасадорот во Вашингтон побаравме објаснување“

Atila Altuntaş  | 20.02.2017 - Обновена : 20.02.2017
Шведска од САД побара појаснување на изјавата на Трамп

Stockholm

СТОКХОЛМ (АА) - Шведската амбасада во Вашингтон испрати барање до американскиот Стејт департмент за образложение во врска со изјавата на американскиот претседател, Доналд Трамп: „Видовте што се случи во Шведска“, јавува Anadolu Agency (AA).

„Сакаме да знаеме што сакаше со тоа да каже Трамп. Преку амбасадорот во Вашингтон побаравме објаснување за тоа што се има случено во Шведска“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Шведска, Катарина Акселсон.

Преку социјалната мрежа се огласи и поранешниот министер за надворешни работи на Шведска, Карл Билт, кој напиша дека многу прашања се поврзани со оваа изјава на Трамп.

„Видовте што се случи синоќа во Шведска, кој би поверувал? Шведска прифати голем број на бегалци. Се соочија со проблем кој не можеа ниту да го замислат“, рече Трамп на митинг во саботата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın