Турција

Чување на демократијата во Турција: граѓаните не ги напуштаат плоштадите

Под мотото „Чување на демократија“, стотици илјади граѓани од сите возрасти, веќе петти ден не ги напуштаат плоштадите низ Турција. Во текот на денот, на плоштадите „стражарат“ младите и невработените, а во попладневните часови им се придружуваат и оние што ги завршуваат работните обврски

Elvir Hociç  | 19.07.2016 - Обновена : 20.07.2016
Чување на демократијата во Турција: граѓаните не ги напуштаат плоштадите

Turkey

АНКАРА (AA) - Плоштадите и улиците на турските градови веќе петти ден се место на непрекинати масовни собири што започнаа во петокот вечерта, кога турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика граѓаните да излезат и да се спротистават на обидот за државен удар што тој ден го изведоа припадниците на турската војска лојални на терористичката организација Фетулахџи/Паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ), јавува Anadolu Agency (AA).

Обидот за државен удар во петокот вечерта е задушен откако стотици илјади граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и во другите делови од земјата и храбро, со голи раце стоеја пред авионите, хеликоптерите, тенковите и пред оклопните возила со кои пучистите се обидоа да ја соборат демократски избраната власт во таа земја.

Обидот за пуч е задушен за помалку од 24 часа, а претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ги повика граѓаните да останат на улиците сѐ додека во потполност не се неутрализира „вирусот“ на паралелните структури што ги зафати сите државни институции.

Под мотото „Чување на демократија“, стотици илјади граѓани од сите возрасти, веќе петти ден не ги напуштаат плоштадите низ Турција. Во текот на денот, на плоштадите „стражарат“ младите и невработените, а во попладневните часови им се придружуваат и оние што ги завршуваат работните обврски и на плоштадите демонстрираат сѐ до наредното утро и до повторното заминување на работа.

Истанбулскиот плоштад „Таксим“, „Кизилај Мејдан“ во Анкара, како и централните плоштади во Измир, Ерзурум, Ван, Бурса, Анталија, Коња и речиси во сите градови на Турција, веќе пети ден се дом на стотици илјади граѓани од сите етнички, верски и други определби.

На плоштадите се поставени бини со екрани, на кои собраните граѓани ги следат случувањата во земјата и пораките на турските лидери.

Против пучистите, во поддршката на демократијата во Турција се обединија приврзаниците од сите политички опции. На собраните од бината им се обраќаат функционери, претставници на власта и на опозицијата, како и угледни личности од академската заедница, медиумите и од невладиниот сектор.

Собирите за поддршка на демократијата низ цела Турција се одвиваат со засилени безбедносни мерки, а граѓаните порачаа дека на плоштадите ќе останат сѐ додека турскиот претседател и врховниот командант на турските вооружени сили, Ердоган, не рече дека сѐ е решено и дека можат да се вратат во своите домови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın