Турција

„Мостот Чанаккале 1915 ќе биде камен-темелник во остварувањето на целите 2023“

„Изведуваме многу важен проект на многу важно место, кој ќе ги урне светските рекорди. Изведуваме многу важен проект во Чанаккале, место коешто е симбол на нашата борба за независност и ќе нѐ потсети на духот на нашите предци“, вели Арслан

Arife Yıldız Ünal  | 17.03.2017 - Обновена : 18.03.2017
„Мостот Чанаккале 1915 ќе биде камен-темелник во остварувањето на целите 2023“

Ankara

АНКАРА (АА) – Министерот за транспорт, поморство и комуникации, Ахмет Арслан, рече дека мостот Чанаккале 1915 ќе се гради како проект на јавниот и приватниот сектор во Турција. Министерот Арслан рече дека овој проект се спроведува како проект против оние што се обидуваат да наметнат перцепција дека турската економија се влошува. „Овој мост ќе биде камен-темелник во остварувањето на целите 2023“, рече Арслан, јавува Anadolu Agency (AA).

Арслан во изјава за АА истакна дека Турција претставува важен мост помеѓу Азија и Европа.

„Не само за Азија и Европа, туку и за Балканот, Средниот Исток, Кавказот... Поврзува три континенти на важни географски простори. Поради тоа, ја поставуваме тезата дека проектите за транспорт треба да продолжат без прекин, како и дека тие треба да се дополнуваат меѓусебно. Поаѓајќи од оваа теза, ги програмираме проектите, ги остваруваме и ги ставаме во функција“, додаде Арслан.

Тој пренесе дека мостот Чанакале 1915 е важен дел од поставените цели на Турција и оти овој мост по шести пат ќе ги поврзе Европа и Азија.

„Овој мост е од голема важност за транспортот што доаѓа од Европа, бидејќи ќе може по пократок пат и побрзо да стигне до деловите во државата кои се наоѓаат во западниот дел на државата, т.е. до местата на брегот на Егејското и Средоземното Море“, истакна министерот Арслан.

Арслан исто така нагласи дека мостот е важен и за забрзување на испораката на суровини од регионалните инвестиции.

- „Мостот Чанаккале 1915 е врвот на односите со Јужна Кореја“

Според Арслан, мостот Чанаккале 1915 е врвот во соработката со Јужна Кореја, која постои благодарение на Евроазискиот тунел и мостот „Јавуз Султан Селим“.

„Изведуваме многу важен проект на многу важно место, кој ќе ги урне светските рекорди. Изведуваме многу важен проект во Чанаккале, место коешто е симбол на нашата борба за независност и ќе нѐ потсети на духот на нашите предци“, вели Арслан.

Посочувајќи дека ставањето во функција на овој проект е од голема важност, како што вели, против оние што се обидуваат да создадат перцепција дека турската економија се влошува, Арслан нагласи дека овој мост е многу важен камен-темелник во остварувањето на целите 2023 и оние што следат потоа.

На крајот, тој рече дека со спроведувањето на ваквите големи проекти се развива технологијата, како и дека се прави трансфер на технологијата.

„Ќе го изградиме најголемиот мост на светот, со што ќе ја унапредиме и технологијата на овие географски простори, затоа што токму таа е неизбежен сегмент за остварување на вакви големи проекти. Откако ќе го направиме овој мост со таа големина, користејќи ја технологијата, на светот ќе му покажеме дека можеме да правиме слични работи насекаде“, додаде Арслан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.