Турција

„Турција и САД заедно да делуваат во борбата против терористичките организации“

Јилдирим на американскиот потпретседател му ја пренел подготвеноста на Турција на соработката со новата американска администрација во врска со борбата против ФЕТО

Ekipa  | 19.02.2017 - Обновена : 19.02.2017
„Турција и САД заедно да делуваат во борбата против терористичките организации“

Ankara

МИНХЕН (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим и американскиот потпретседател Мајк Пенс на состанокот во Минхен, каде се одржува 53. Минхенска безбедносна конференција, разговараа за билатералните односи и воената соработка на двете земји во рамките на НАТО, како и борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Владата на Турција се наведува дека за време на состанокот е нагласено значењето на односите помеѓу двете земји, и изразена е определеноста за јакнење на билатералните односи и во наредниот период.

Јилдирим на американскиот потпретседател му ја пренел подготвеноста на Турција на соработката со новата американска администрација во врска со борбата против терористичката организација ФЕТО и за испорачувањето на нејзиниот лидер Фетула Ѓулен на Турција.

На состанокот исто така е нагласено дека во тој поглед би била отворена нова страница во односите со САД, доколку Вашингтон го исполни очекувањето на Турција.

Јилдирим истакна дека Турција и САД треба заедно да делуваат во борбата против радикалните организации како што се ДЕАШ и ФЕТО.

Тој исто така додаде дека двете земји треба да соработуваат за да биде постигнато трајно решение за Сирија.

Пенс нагласи дека новата американска администрација им придава големо значење на односите со Турција.

Тој истакна дека САД е подотвена на дополнително јакнење на дијалогот со Турција во сите области, вклучувајќи ја и борбата против тероризмот и регионалната соработка.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın