Вучиќ по гласањето: Ќе ја прифатам секоја волја на луѓето во Србија
„Се надевам дека Србија со овие избори ќе обезбеди стабилност и продолжение на економските реформи, економскиот успех”, истакна Вучиќ
Beograd
БЕЛГРАД (АА) - Во Нови Белград, лидерот на Српската напредна странка (СНС) и актуелниот премиер Александар Вучиќ ја изврши својата граѓанска должност, кој во таа прилика порача дека се надева оти Србија на овие избори ќе обезбеди стабилност и продолжение на економските реформи и економскиот успех, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се надевам дека Србија со овие избори ќе обезбеди стабилност и продолжение на економските реформи, економскиот успех. Во секој случај, сакам да верувам дека на никој нема да му падне на ум да ја дестабилизира Србија и да го прави она што за жал го ветуваше во изборната кампања”, истакна Вучиќ кој на гласањето дојде со ќерката Милица.
Тој изрази увереност дека излезноста ќе биде голема и дека луѓето на демократски начин ќе одлучат за нивната иднина.
Одговорајќи на новинарско прашање за очекувањата на победа во првиот круг, Вучиќ нагласи дека ќе ја прифати секоја волја на народот во Србија.
„Секогаш се надевате на тоа. Се надевате на успех, победа, а на народот е да каже што сака и мисли. Јас секоја волја на луѓето во Србија ќе ја прифатам и признаам и доколку бидам поразен истата секунда ќе им честитам на моите противници. Доколку биде поразлично, би било пристојно, барем после сите навреди кои ги упатија и највалканите кампања кои ги водеа да честитаат. Во секој случај, што се однесува до мене, потполно сум мирен, работев најдобро што можев за нашата земја, а дали народот ќе каже дека тоа било доволно добро или не, тоа ќе го видиме вечерва”, порача Вучиќ.
Утринава во седум часот се отворени гласачките места во Србија на кои граѓаните ќе бираат нов претседател. На изборите за претседател на Србија на 8.396 гласачки местаќе гласаат 6.724.949 граѓани. Граѓаните ќе гласаат и во Косово каде на 90 гласачки места својата граѓанска должност ќе ја извршат 105.929 гласачи.
Право на глас ќе има и дијаспората која ќе гласа на 53 бирачки места во 32 земји на светот. Право на глас ќе имаат 11.590 гласачи. Значи, од 7 до 20 часот ќе се гласа во Австрија, Белгија, БиХ, Грција, Италија, Јужноафриканска република, Катар, Кина, Либан, Македонија, Малта, Унгарија, Германија, Норвешка, Полска, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Турција, ОАР, Финска, Франција, Холандија, Хрватска, Црна Гора, Чешка, Швајцарија и Шведска. Во трката за претседател на Србија се наоѓаат 11 кандидати.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.