Балкан

Грчката полиција уапси осомничен за бомбашкиот напад на поранешниот премиер

Поранешниот грчки премиер, Лукас Пападемос (70), се здоби со сериозни повреди на нозете и трупот, кога отвори „ писмо бомба“ во својот автомобил

Ekip  | 28.10.2017 - Обновена : 29.10.2017
Грчката полиција уапси осомничен за бомбашкиот напад на поранешниот премиер

Atina

АТИНА (АА) - Грчката полиција уапси лице осомничено за бомбашкиот напад на поранешниот премиер во мај минатата година, пренесува Anadolu Agency (AA).

Осомниченото 29 годишно лице, чие име не е објавено е уапсено утринава.

Поранешниот грчки премиер, Лукас Пападемос (70), се здоби со сериозни повреди на нозете и трупот, кога отвори „писмо бомба“ во својот автомобил. На лекување помина повеќе од месец дена. Во експлозијата со бомба беа полесно повредени уште две лица.

Пападемос беше премиер шест месеци во период меѓу 2011 и 2012 година, а исто така и поранешен заменик гувернер на Европската централна банка.

Полицијата додаде дека осомничениот можеби е вмешан и во праќање по пошта „пакет бомба“ во март оваа година до Министерството на финансии на Германија и канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд во Париз, каде во послаба експлозија е повредено едно лице.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.