Црна Гора: Поради пожар во Тиват евакуирани 300 луѓе
Силен пожар утрово го зафати ’Ртот Весло во општината Тиват, од кадешто се евакуирани околу 300 луѓе

Montenegro
ПОДГОРИЦА (AA) - Силен пожар утрово го зафати ’Ртот Весло во општината Тиват, од кадешто се евакуирани околу 300 луѓе. Огнот се шири и на други локации во оваа општина, а гасењето на огнената стихија е отежнато од ветерот, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е соопштено од Противпожарната служба Тиват, противпожаните екипи заедно со екипите на Управата за поморска безбедност, војската на Црна Гора и компанијата „Бока пилот“ од Бијела, утрово меѓу пет и осум часот извршиле комплетна евакуација на целата крајбрежна област ’Рт Весло.
Во текот на претходната ноќ, во областа на Подгорица се забележани 33 пожари, воглавно во селските и ридските подрачја. Пожарите не ги загрозиле жителите и објектите во овие подрачја.