економија

Евростат: Пад на цената на електричната енергија во земјите од ЕУ

Цените на електричната енергија за домаќинствата во Европската Унија (ЕУ) се намалија во просек за 2,3 проценти, меѓу втората половина на 2015 година и втората половина на 2016 година

Gülşen Çağatay  | 15.05.2017 - Обновена : 16.05.2017
Евростат: Пад на цената на електричната енергија во земјите од ЕУ

Ankara

АНКАРА (АА) - Според податоците објавени од страна на генералниот Директорат на Европската Комисија за статистички информации (Еurostat), цените на електричната енергија за домаќинствата во Европската Унија (ЕУ) се намалија во просек за 2,3 проценти, меѓу втората половина на 2015 година и втората половина на 2016 година, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според Евростат, цените сега изнесуваат 20,5 евра за 100 kWh.

Во истиот период, цените за гасот за домаќинство се намалија во просек за 10,5 отсто, односно на 6,40 евра за 100 kWh.

Од 2008 година, цените на електричната енергија и на гасот во ЕУ се зголемија за околу една четвртина, за 23 проценти, односно за 26 проценти.

„Во просек, даноците и давачките изнесуваa повеќе од една третина (36 отсто) од сметките за електрична енергија за домаќинствата во втората половина на 2016 година, и околу една четвртина (26 отсто) од цените за гас", се вели во соопштението.

- Најголем пад на цените на електричната енергија се забележани во Холандија, најголем пораст во Белгија -

Во периодот од втората половина на 2015 година до втората половина на 2016 година, најголемо намалување на цените на струјата за домаќинства, во национални валути, регистрирано е во Холандија (-13,8 отсто) и на Кипар (-11,8 отсто), потоа следат Литванија (-5,8 отсто ), Романија (-5,6 отсто) и Ирска (-4,7 отсто).

За разлика од нив, најголем пораст на цените на електричната енергија е забележан во Белгија, за 16,7 отсто, потоа во Шведска 7,7 отсто и во Португалија за 3,5 отсто.

- Најголем пад на цените на гасот во Хрватска и во Бугарија -

Во периодот од втората половина на 2015 година до втората половина на 2016 година, цените на гасот за домаќинство, изразени во националните валути, бележат пад во сите земји-членки, освен во Унгарија (1,5 отсто), Холандија (0,6 отсто) и во Шведска (0,2 отсто).

Најголем пад на цените на гасот за домаќинство е забележан во Хрватска и во Бугарија, за -20,4 отсто, пред Латвија со -16,3 отсто, Португалија (-15,9 отсто), Естонија (-14,6 отсто), Белгија (-14,0 отсто), Луксембург (-13,3 отсто) и Грција (-13,1 отсто).


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.