свет

Договорот на САД и Русија за прекин на огнот во Сирија влегува во сила

„Во 12.00 часот по локално време, југозападниот дел на Сирија е прогласен за зона без судири. Ова подрачје претставува приоритет за САД и моменталната ситуацијата ветува напредок”

Kasım İleri  | 09.07.2017 - Обновена : 10.07.2017
Договорот на САД и Русија за прекин на огнот во Сирија влегува во сила

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Херберт Р. Мекмастер, зборуваше за зоната без судири за која се договорија САД и Русија, јавува Anadolu Agency (AA).

Околу договорот кој го постигнаа САД, Јордан и Русија, Мекмастер истакна:

„По постигнатиот договор со владите на Русија и Јордан, претседателот на САД, Доналд Трамп, за постигнатиот договор зборуваше со голем број светски лидери на Самитот Г-20, меѓу кои се претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, премиерката на Британија, Тереза Меј, германската канцеларка Ангела Меркел. САД, со цел да извојува победа над ДЕАШ, направи сѐ што е во нејзина моќ за да се разреши кризата во Сирија и раселените да се вратат во сопствените домови. Од тој аспект, овој договор претставува многу значаен чекор во постигнувањето на заедничката цел”.

Постигнатиот договор беше објавен по двојната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, којашто се одржа во рамките на Самитот на Г-20.

Во последно време, во јужниот дел на Сирија стануваат сѐ понасилни судирите меѓу единиците кои се дел од Слободната сириска армија, поддржана од страна на САД во борбата против ДЕАШ, со прорежимските сили на Сирија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.