свет

Европа ќе вложи милиони во зајакнување на кибер-безбедноста

Европската комисија денес соопшти дека ќе обезбеди околу 11 милиони евра за дополнително финансирање на борбата против кибернетичкиот криминал

Diyar Güldoğan  | 29.06.2017 - Обновена : 29.06.2017
Европа ќе вложи милиони во зајакнување на кибер-безбедноста

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - Европската комисија денес соопшти дека ќе обезбеди околу 11 милиони евра (12 милиони долари) за дополнително финансирање на борбата против кибернетичкиот криминал, јавува Anadolu Agency (AA).

Првиот потпретседател, Франс Тимерманс рече: „Европа мора заедно да се соочи со безбедносните предизвици и со терористичките закани“, и додаде дека ЕУ треба да продолжи со подобрувањето на својот одговор кон кибер нападите.

Оваа година се случија најмалку два големи кибер-напади. Уценувачкиот софтвер познат како „WannaCry“ и „Petya“ им го оневозможија пристапот на корисниците до нивните податоци, барајќи исплата за одредени значајни информации од датотеките.

Европската комисија истакна дека ќе работи на решавањето на недостатоците во сегашната рамка на кибер безбедноста.

Четиринаесет земји на ЕУ ќе добијат дополнителни средства со цел да ги зајакнат националните тимови за одговор на инциденти поврзани со компјутерската безбедност (Computer Security Incident Response Teams - CSIRT).


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.