свет

Египет: Во двата бомбашки напади врз цркви загинаа вкупно 32 лица

Во двојниот бомбашки напад во египетските градови Танта и Александрија загинаа вкупно 32 лица, додека 84 се повредени

Ali H. M.Abo Rezeg  | 09.04.2017 - Обновена : 09.04.2017
Египет: Во двата бомбашки напади врз цркви загинаа вкупно 32 лица

Kairo

КАИРО (АА) - Според Министерството за здравство на земјата, најмалку 21 лице загина во денешниот бомбашки напад во црква во северен Египет, јавува Anadolu Agency (AA).

Експлозијата се случи во црквата Св. Горѓи во градот Танта, што се наоѓа во делтата на реката Нил.

"Во експлозијата загина 21 лице, а 59 се повредени", соопшти портпаролот на министерството, Халид Муџахид.

Во египетскиот град Александрија, пак, во северниот дел на државата, извршен е вториот бомбашки напад во близина на коптската црква Св.Марко, во којшто животот го загубија 11 лица.

Портпаролот на Министерството за здравство, Халид Муџахид, за египетската државна телевизија изјави дека според првичните сознанија 11 лица загинале, меѓу кои и тројца припадници на безбедносните сили, додека 25 лица се ранети во извршениот бомбашки напад во близина на црквата Св.Марко во Александрија.

Надлежните од црквата пренесуваат дека коптскиот патријарх на Египет, Тавадрос II, се наоѓа во добра здравствена состојба, кој за време на нападот бил во црквата.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се истакнува дека безбедносните сили го спречиле бомбашот-самоубиец да влезе во црквата, по што тој ја активирал бомбата.

Денешните бомбашки напади се случија на христијанскиот празник Цветници, според кој според христијанското верување, се одбележува влегувањето на Исус Христос во Ерусалим. 

Коптските христијани во Египет бројат меѓу 8 и 10 отсто од вкупното население кое изнесува околу 90 милиони. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın