свет

ЕУ усвои регулатива за нов систем за контрола во шенген-зоната

Советот на Европската Унија (ЕУ) ја усвои регулативата за електронско зачувување на податоците на државјаните од трета држава при влез во шенген-зоната

Ata Ufuk Şeker  | 20.11.2017 - Обновена : 21.11.2017
ЕУ усвои регулатива за нов систем за контрола во шенген-зоната

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - Советот на Европската Унија (ЕУ) ја усвои регулативата за електронско зачувување на податоците на државјаните од трета држава при влез во шенген-зоната и при излез од неа, како и за заеднички граничен систем за контрола на земјите-членки, јавува Anadolu Agency (AA).

Советот на ЕУ соопшти дека е усвоена регулативата за реформи во шенген-системот, кој овозможува слободно движење во некои земји-членки на ЕУ.

Според ова, податоците како името, пасошот, фотографијата, податоците за влез и излез и отпечатоците од прстите, на државјаните на земјите што не се членки на ЕУ ќе бидат регистрирани електронски, при влез во шенген-зоната, и ќе бидат достапни за заедничка употреба.

Овие податоци коишто ќе станат дел од „заедничката банка на податоци“ на земјите од шенген-зоната, ќе бидат користени за утврдување на лицата на кои им поминал рокот на визите. Исто така, новиот систем ќе ја спречи употребата на фалсификувани патни исправи и лични карти.

До овие податоци ќе имаат пристап надлежните на граничната контрола, надлежните за контролирање на визите, како и Европол.

Регулативата којашто е дел од планот за реформи во шенген-зоната, изготвена во 2016 година, од страна на Европската комисија, во 2020 година ќе стапи во сила.

Шенген-зоната ги опфаќа земјите-членки од ЕУ како Германија, Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Холандија, Шпанија, Шведска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Унгарија, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Словачка, Словенија, Грција, како и земји што не се членки на ЕУ, како Швајцарија, Исланд, Норвешка и Лихтенштајн.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın