Ердоган-Путин: Верувам дека нашите чекори ќе ја променат судбината на регионот
Претседателот Ердоган и рускиот претседател, Владимир Путин, се состанаа во претседателската резиденција во Сочи
Soci
СОЧИ (АА) - „Се наоѓаме во време во кое врз нас паѓа значајна одговорност. Верувам дека Русија и Турција, благодарение на чекорите кои ќе ги направат тука, ќе ја изменат судбината на регионот”, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Сочи, на почетокот на состанокот со својот руски колега Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган и рускиот претседател, Владимир Путин, се состанаа во претседателската резиденција во Сочи. Дел од турската делегација се шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, заменикот- генерален секретар на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин и потсекретарот на МИТ, Хакан Фидан, додека во руската делегација се наоѓаат шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, министерот за одбрана Сергер Шојгу, советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Пред средбата, двајцата лидери одржаа поздравен говор.
Турскиот претседател Ердоган на почетокот од својот говор истакна: „Особено многу му се заблагодарувам на почитуваниот пријател за оваа покана за средба, по која од едниот крај на Црното Море пристигнавме до неговиот друг крај”.
Ердоган рече дека на средбата Руската Федерација и Турција ќе имаат можност да ги разгледаат билатералните и регионалните проблеми.
„Се наоѓаме во период во кој врз нас паѓа значајна одговорност. Верувам дека Русија и Турција, благодарение на чекорите кои ќе ги направат тука, ќе ја изменат судбината на регионот”.
- Путин: „Турско-руските односи имаат посебен карактер” -
Рускиот претседател Владимир Путин на почетокот од состанокот изјави дека турско-руските односи имаат посебен карактер.
„Ви се заблагодаруваме за прифаќањето на нашата покана и доаѓањето во Сочи. Нашите односи се развиваат онака како што се договоривме. Задоволен сум што со средбава ќе имаме можност да ги разгледаме актуелните прашања, како што се билатералните односи меѓу нашите две земји и прашањето за Сирија”.
Путин обраќајќи се на претседателот Ердоган истакна: „Почитуван претседателе, би сакал уште еднаш да истакнам дека по нормализирањето на турско-руските односи, средбите со вас имаат многу посебен карактер. Добредојдовте во Русија”.
Путин се осврна и на неодамна одржаниот референдум за уставни измени во Турција, и упати честитки до претседателот Ердоган.
„Сѐ подобрата внатрешна политичка ситуација во Турција позитивно ќе влијае и врз турско-руските односи, бидејќи поголем дел од одлуките кои заедно ќе ги донесеме, поради нивното стратешко значење, ќе биде потребно да бидат одобрени од нашите парламенти”.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.