свет

Севернококорејскиот лидер побара да се зголеми производството на боеви глави

Севернокорејската Централна новинска агенција (KCNA) објави дека при посетата на институт по хемија, Ким наложил да се произведат повеќе ракетни мотори на цврсто гориво и ракетни боеви глави

Ekipa  | 23.08.2017 - Обновена : 23.08.2017
Севернококорејскиот лидер побара да се зголеми производството на боеви глави Архива

Seul

СЕУЛ (АА) - Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун побара да се зголеми производството на ракетни боеви глави и мотори, објавија денес државните медиуми на Пјонгјанг, пренесува Anadolu Agency (AA).

Повикот е упатен кога се чинеше дека тензиите меѓу Северна Кореја и САД се смируваат.

Севернокорејската Централна новинска агенција (KCNA) објави дека при посетата на еден институт по хемија, Ким му наложил на институтот да произведе повеќе ракетни мотори на цврсто гориво и ракетни боеви глави.

Сепак, во објавата отсуствуваше вообичаената антиамериканска реторика и потоа следеа коментарите на американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, во кои тој ја поздрави воздржаноста на Пјонгјанг.

Неговите коментари следеа по неколкунеделните тензии, при што американскиот претседател Доналд Трамп предложи воена акција против Северна Кореја.

Весникот „Rodong Sinmun“ (Родон Синмун) објави фотографија на Ким со широка насмевка за време на инспекцијата на Институтот по хемија, каде што е информиран за производството на боеви глави за интернационални балистички ракети, како и зa ракетните мотори, објави КЦНА.

Северна Кореја минатиот месец спроведе две тестирања на интернационални балистички ракети, што резултираше со нови санкции, како и десетици други ракетни тестирања и две нуклеарни тестирања од почетокот на 2016 година.

И покрај тестирањето на балистичките ракети, од кои последната имаше дострел до континенталниот дел на САД, аналитичарите остануваат поделени околу тоа дали Пјонгјанг има боеви глави со капацитет да ја издржат огромната топлина при повторното влегување во атмосферата.

Градењето повеќе мотори на цврсто гориво, за кои е потребна мала подготовка за лансирање, би можело да го зголеми капацитетот на Северна Кореја да изведе ненадеен напад.

Друг домен на растечката технологија на оружје на Северна Кореја се балистичките ракети лансирани од подморници.

Во меѓувреме, јужнокорејскиот претседател Мух Џае-ин го посети командниот центар и побара „целосна подготвеност за одбрана“ во случај на провокации од Северна Кореја, соопшти неговиот портпарол.

Северна Кореја ги одби понудите за дијалог на Мун, откако тој ја презеде функцијата во мај, под изговор дека Сеул не е искрен во поглед на неговиот притисок за понатамошни санкции кон Пјонгјанг.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın