Франција: Уапсено момче кое планирало да го убие Макрон
Момчето ѝ признало на полицијата дека планирал да го убие францускиот претседател за време на воената парада на Елисејските полиња, на 14. јули, на Денот на падот на Бастиља
Paris
ПАРИЗ (АА) - Француските власти минатата недела уапсија машко лице кое планирало на воената парада на 14. јули да изврши напад врз францускиот претседател Емануел Макрон и на малцинските групи, а против осомничениот е подигнато прелиминарно обвинение за тероризам, пренесува Anadolu Agency (AA).
Агнес Тибо-Лекуивр, портпаролка на парискиот обвинител, денес потврди дека плановите на 23-годишниот осомничен биле нејасни и недовршени, и оти најверојатно дејствувал сам.
Таа истакна дека момчето е уапсено во четвртокот, во предградие на Париз, и тој ѝ признал на полицијата дека планирал да го убие францускиот претседател за време на воената парада на Елисејските полиња, на 14. јули, на Денот на падот на Бастиља. Тој исто така, изразил и националистички ставови.
Франција на 14. јули го одбележува својот национален празник, Денот на падот на Бастиља, а по тој повод на Елисејските полиња се одржува воена парада на којашто ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.
Макрон по парадата ќе ја посети и Ница, каде што се одбележува годишнината од терористичкиот напад кога напаѓач со камион влета во толпа луѓе, одземајќи го животот на 86 лица.