Јункер: Британците ќе платат висока сметка за напуштањето на ЕУ
„Преговорите за излез на Велика Британија од Европската Унија треба да започнат во март и да траат две години, меѓутоа, ќе бидат потребни години за да се договорат сите детали на идните односи“
Brisel
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека Велика Британија ќе плати висока сметка за излез од Европската Унија, јавува Anadolu Agency (AA).
Јункер денес им се обрати на членовите на белгискиот Парламент и во таа пригода рече дека ЕУ се соочува со бројни проблеми по одлуката за Брегзит и по изборот на претседателот на САД, Доналд Трамп.
„Преговорите за излез на Велика Британија од Европската Унија треба да започнат во март и да траат две години, меѓутоа, ќе бидат потребни години за да се договорат сите детали на идните односи“, рече шефот на Европската комисија.
Јункер посочи дека Британците треба и мора да знаат дека тие нема да добијат какви било попусти или бришење на долговите, дека Британците мора да ги почитуваaт обврските и додаде дека тие ќе добијат сметка со голема сума.
Со мнозинство гласови на референдумот што се одржа минатата година, Британците одлучија да ја напуштат Европската Унија.
Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј објави дека официјалните преговори за тој процес ќе започнат до крајот на март оваа година.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.