свет

Втора жртва од синоќешниот бомбашки напад во Киев

Бројот на загинатите во синоќешниот бомбашки напад со мотор, се искачи на две лица

Ali Cura  | 26.10.2017 - Обновена : 26.10.2017
Втора жртва од синоќешниот бомбашки напад во Киев

Ankara

КИЕВ (АА) - Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека експлозијата во којашто синоќа беше ранет пратеникот на Радикалната партија, Игор Мосијчук, отвора сомнеж дека станува збор за импровизирана експлозивна направа поставена на мотоцикл, јавува Anadolu Agency (AA).

Директорот на СБУ во Киев, Сергеј Семочко, на прес-конференција соопшти дека по извршената истрага на местото на несреќата, откриено е дека експлозијата ја предизвикала рачно изработена бомба поставена на мотоцикл.

Семочко изјави дека продолжува истрагата за откривање на идентитетот на лицето што го поставило експлозивот.

- Бројот на загинатите се искачи на 2 лица -

Портпаролот на службата за безбедност на Украина, Елена Гитљанскаја, преку социјалната мрежа објави дека бројот на загинатите во експлозијата се искачил на 2 лица.

Гитљанскаја во објавата напиша дека продолжува медицинскиот третман на ранетиот Мосијчук и на уште две лица.

Синоќа се случи експлозија во моментот кога пратеникот на Радикалната партија, Мосијчук, излезе од канцелариите на телевизискиот канал „Espresso“ (Еспресо).

Според првичните информации, во нападот загина едно лице, а беа ранети пратеникот Мосијчук и уште тројца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın