свет

Жените во САД повикани да земат слободен ден и да не трошат пари

Акцијата се совпаѓа со Меѓународниот ден на жените – 8. Март, а организаторите истакнуваат дека сакаат да застанат до жените од целата планета што ги поддржаа нивните напори на 21. јануари

Ekipa  | 08.03.2017 - Обновена : 08.03.2017
Жените во САД повикани да земат слободен ден и да не трошат пари

Philadelphia

ФИЛАДЕЛФИЈА (АА) - Организаторите на јануарскиот Марш на жените ги повикаа жените денес да земат слободен ден и да не трошат пари за да ја покажат својата економска моќ и влијанието на американското општество, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Ден без жени“ (A Day Without a Woman) е првата голема акција на групата којашто ден по инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп организираше маршови во САД, на кои милиони жени излегоа на улиците за да протестираат поради мизогинијата, нееднаквоста и угнетувањето.

Иако не е познато колку жени ќе одговорат на тој повик, илјадници од нив ја поддржаа акцијата. Оваа акција се совпаѓа со Меѓународниот ден на жениата – 8. Март, а организаторите истакнуваат дека сакаат да застанат до жените од целата планета, кои ги поддржаа нивните напори на 21. јануари, организирајќи слични протести во градовите низ светот.

Портпаролката Касиди Фајндлеј истакна дека организаторите се инспирирани од неодамнешните протести „Ден без имигранти“, кои беа одржани минатиот месец во САД. Како што изјави таа, целта на акцијата е да се укаже на влијаниетто на жените на општествено-економскиот систем и да се покаже како платениот и неплатениот труд на жените ги одржува домаќинствата, заедниците и економијата.

„Ги создаваме сите овие вредности и го одржуваме системот, а не добиваме еднаква корист од тоа“, изјави Фајндлеј.

За разлика од Маршот на жените, денешниот протест се фокусира на отсуството на жените, кои се упатуваат на локални собири и групи во локалните заедници, но подалеку од работата, продавницата или купување преку интернет. Организаторите исто така ги повикуваат жените да носат црвена боја како симбол на љубовта и пожртвуваноста.

Организаторите планираат собирот да се одржи напладне, во њујоршкиот Централ парк. Собири по повод Меѓународниот ден на жените се планирани и во Филаделфија, Балтимор, Милвоки, Вашингтон, Беркли и во Калифорнија.

Некои училишта во Мериленд, Вирџинија и во Северна Каролина ја откажаа наставата поради учество на вработените на собирите.

Улогата на жените во американското општество е значајна. Според официјалните податоци, во 2015 година, Американките просечно заработиле 40.742 долари, во однос на 41.212 долари колку што имаат заработено нивните машки колеги.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın