свет

Индонезија се подготвува за промена на главниот град

Министерството за планирање на националниот развој соопшти дека поради ризикот од земјотреси во Џакарта, поради поплавите и проблемите во сообраќајот изработува проект за менување на главниот град

Adem Şalvarcıoğlu  | 02.05.2017 - Обновена : 03.05.2017
Индонезија се подготвува за промена на главниот град AA/Agoes Rudianto

Jakarta

ЏАКАРТА (АА) - Индонезија, поради неповолните фактори во Џакарта, но и со цел развивање на останатите подрачја, изработува проект за промена на главниот град, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерството за планирање на националниот развој на Индонезија соопшти дека поради ризикот од земјотреси во Џакарта, поради поплавите и проблемите во сообраќајот, но и поради економски развој на останатите подрачја, изработува проект за менување на главниот град на земјата.

Се очекува листата на градови-кандидати да биде формирана до крајот на годината.

Голема е можноста градот Паланкараја да биде избран за главен град. Она што оди во корист на овој град е поголемата површина од моменталниот главен град, богатството со природни ресурси, како и можноста за планиран развој против проблемите во сообраќајот и во инфраструктурата.

Паланкараја се најде во фокусот на вниманието во 1950 година, кога беше избрана за главен град на провинцијата Централен Калимантан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.