свет

Мексико: Протест на новинарите кои бараат правда за убиените и исчезнати колеги

„Овој протест е осудување на власта која е неспособна да ја обезбеди заштитата на новинарите, но и на сите Мексиканци”, порача мексиканскиот колумнист Хулио Хернандез

Ekipa  | 31.05.2017 - Обновена : 01.06.2017
Мексико: Протест на новинарите кои бараат правда за убиените и исчезнати колеги АА/Архива

Mexico City

МЕКСИКО СИТИ (АА) - Стотици новинари се собраа синоќа на протестите во главниот град на Мексико барајќи правда за убиените и исчезнати новинари, како и заштита за активните новинари во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).

Демонстрантите се собраа на централниот плоштад во Мексико Сити извикувајќи „Нема да молчиме”.

„Овој протест е осудување на власта која е неспособна да обезбеди заштита на новинарите, но и на сите Мексиканци”, порача мексиканскиот колумнист Хулио Хернандес.

Демонстрантите носеа и постери на ветеранот на мексиканското новинарство Хавиер Валдез, кој кариерата ја помина истражувајќи го насилството и нарко-клановите во Мексико, а беше убиен на 15 мај. Во тек е истрагата за тој атентат.

Напаѓачот од автоматско оружје со повеќе куршуми го убил Валдез во неговиот автомобил, во сојузната мексиканска држава Синалоа, кој е шестиот убиен новинар оваа година во Мексико.

Најмалку 40 новинари во Мексико се убиени во изминатите две и пол децении поради нивното известување, а уште најмалку 50 новинари се убиени под сомнителни околности.

Според податоците на „Новинари без граници“, Мексико е трета земја по број на напади на новинари, веднаш по Сирија и Авганистан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın