свет

Миса за жртвите од нападот во Барселона: Шпанија мора да се обедини за мир

На мисата во катедралата „Саграда фамилија“ во Барселона присуствуваа членови на семејствата на жртвите, шпанското кралско семејство, каталонски политички функционери, како и претставници на муслиманската заедница

Ekipa  | 20.08.2017 - Обновена : 21.08.2017
Миса за жртвите од нападот во Барселона: Шпанија мора да се обедини за мир

Barcelona

БАРСЕЛОНА (АА) - Службена миса за жртвите од нападите во Барселона и Салоу денеска се одржа во познатата катедрала „Саграда фамилија“, дело на Антони Гауди, симбол на европското христијанството, јавува Anadolu Agency (AA).

На мисата во познатата катедрала во Барселона присуствуваа членови на семејствата на жртвите, шпанското кралско семејство, каталонски политички функционери, како и претставници на муслиманската заедница во шпанската провинција.

Надбискупот на Барселона, Жоан Жозеп Oмела, побара од целата земја да се обедини поради мир во светот, а големото присуство на мисата го нарече прекрасен мозаик на единство за доброто на заедничката цел - мирот, почитта, братскиот соживот и љубовта.

Тој ја прочита и телеграмата со сочувство од поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, кој нападите во Каталонија ги нарече брутален терористички чин и сериозна навреда за Бога.

Во терористичките напади во Барселона и во Салоу во четвртокот загинаа 14 лица, а беа повредени повеќе од 120. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

Каталонската полиција соопшти дека сѐуште трага по 22-годишниот Мароканец Јунус Ебујакуб за кого постои спомнение дека го возел комбето кое влета меѓу луѓето на шеталиштето во Барселона.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın