свет

На Пучдемон му е понудено прибежиште во Франција

Мала група со седиште во близина на француско-шпанската граница, која се залага за автономија на францускиот регион Источни Пиринеи, му понуди засолниште на каталонскиот лидер Карлес Пучдемон

Ekipa  | 23.10.2017 - Обновена : 24.10.2017
На Пучдемон му е понудено прибежиште во Франција АА/Архива

France

БАРСЕЛОНА (АА) - Мала група со седиште во близина на француско-шпанската граница, која се залага за автономија на францускиот регион Источни Пиринеи, му понуди засолниште на каталонскиот лидер Карлес Пучдемон, пренесува Anadolu Agency (AA).

Роберт Казановас, претседател на Комитетот за самопрогласување на Северна Каталонија, изјави дека има вила во селото Теза на југот на Франција, подготвена за Пучдемон, како и 20 до 30 станови на раполагање за останатите членови на неговиот кабинет, во случај да бидат принудени да ја напуштат Шпанија и да ја формираат каталонската влада во егзил.

Неговата организација се залага за поголема автономија на регионот на француските Источни Пиринеи, но не се бори за независност.

Казановас истакна дека членовите на неговата група се состанале со каталонскиот лидер ова лето, но дека оттогаш не добиле никакви барања од официјална Барселона.

„Сѐ додека не биде издадена меѓународна потерница против Пучдемон, тој ќе може да живее во Франција“, рече Казановас.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın