свет

Нетанјаху планира да ги затвори канцелариите на „Al-Jazeerа“ во Ерусалим

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека медиумската мрежа „Al-Jazeerа“ промовира насилство над Ридот на храмовите

Fatih Hafız Mehmet  | 27.07.2017 - Обновена : 28.07.2017
Нетанјаху планира да ги затвори канцелариите на „Al-Jazeerа“ во Ерусалим

Erusalim

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека планира да ги затвори канцелариите на медиумската мрежа „Al-Jazeera“ во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).

„Наложив да се затворат канцелариите на 'Al-Jazeera' во Ерусалим затоа што промовираат насилство над Ридот на храмовите. Ако тоа не е можно според постоечките закони, ќе направам сѐ што е потребно, неопходниот закон да помине во Кнесетот, со цел да се затвори 'Al-Jazeera'“, порача Нетанјаху преку својот профил на „Facebook“ (Фејсбук).

По крававата престрелка на 14. јули, израелските власти за првпат по речиси 50 години ја затворија и забранија влез во џамијата Ал Акса, која ја почитуваат и муслиманите и евреите. Евреите комплексот Ал Акса го нарекуваат Рид на храмовите.

Комплексот Ал Акса по три дена беше повторно отворен, но во меѓувреме, на влезовите беа поставени детектори за метал и безбедносни камери.

Муслиманите протестираа против применетите безбедносни мерки, а во судирите настрадаа 11 лица, меѓу кои 8 Палестинци. Сепак, Израел не сакаше да ги отстрани детекторите, под образложение дека новите безбедносни мерки се слични на оние што се применуваат пред други свети места во светот.

Под меѓународен притисок, израелскиот министер за безбедност одлучи да ги отстрани детекторите за метал, но изјави дека ќе воспостави нов систем за надгледување, кој користи „паметна проверка“, која се заснова на напредна технологија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.