Неформален самит на ЕУ: Унијата треба да биде глобален актер
На прес-конференцијата одржана по средбата, Оланд рече дека најважен приоритет за Европа е да се посвети поголемо внимание на безбедноста
Paris
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, вчера на неформалниот самит на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) во палатата во Версај, во близина на Париз, ја прими германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Маријано Рахој и италијанскиот премиер Паоло Џентилони, и притоа порача дека Унијата треба да биде глобален актер, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес-конференцијата одржана по средбата, Оланд рече дека најважен приоритет за Европа е да се посвети поголемо внимание на безбедноста.
„Живееме во ера на неизвесност кога се загрозени правната држава и мирот. Затоа, најголем приоритет на Европа мора да биде воспоставување безбедност“, рече Оланд, додавајќи дека потребно е да се најде респектабилно решение и за мигрантското прашање.
„Мораме да ги заштитиме надворешните граници од ризикот и од заканите“, порача францускиот претседател, напоменувајќи дека е потребна силна соработка меѓу земјите-членки на ЕУ.
„Единството не значи да бидеме исти. Треба да соработуваме на различни полиња со цел нашите земји да напредуваат“, рече Оланд.
Меркел истакна дека е потребно да се продолжи со напредокот во рамките на цела Европска Унија.
Доколку не напредуваме, сè што имаме изградено може да пропадне. Сите 27 земји-членки мора да продолжат да ги применуваат основните принципи на ЕУ", порача германската канцеларка.
Таа на крајот додаде дека потребно е членките на ЕУ да развиваат соработка и во областа на одбраната, напоменувајќи дека Унијата треба да биде глобален актер.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.