свет

Нијето: Мексико не ги прифаќа условите за имигрантите кои ги наметнува САД

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и министерот за домашна безбедност Џон Кели допатуваа во Мексико, каде што преку официјални разговори ќе се обидат да ги поправат затегнатите билатерални односи нарушени со изјавите на претседателот Трамп

Nancy Caouette  | 23.02.2017 - Обновена : 24.02.2017
Нијето: Мексико не ги прифаќа условите за имигрантите кои ги наметнува САД

Mexico

МЕКСИКО СИТИ (АА) - Мексико нема да ги прифати условите што ги наметнува другата држава во однос на имигрантите, порача претседателот на таа земја, Енрике Пења Нијето, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Мексико не ги прифаќа наметнувањата на која било држава во однос на имиграцијата“, изјави Нијето откако американското Министерство за домашна безбедност вчера објави сет документи коишто вклучуваат одредби според кои американските власти имаат право сите илегални имигранти да ги испратат во Мексико, без оглед на тоа од каде се.

Министерот за надворешни работи на Мексико, Луис Видегарај исто така истакна дека неговата земја нема да прифати никакви нови прописи, наметнати унилатерално.

„Сакам јасно да истакнам дека Владата на Мексико и мексиканскиот народ не мораат да ги прифатат одредбите што една влада унилатерално сака да ги наметне на друга“, изјави Вигегарај и додаде дека нема да се двоуми за ова прашање да се обрати до мултилатералните организации, почнувајќи од ОН.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и министерот за домашна безбедност Џон Кели допатуваа во Мексико, каде што преку официјални разговори ќе се обидат да ги поправат затегнатите билатерални односи нарушени со изјавите на претседателот Доналд Трамп.

Односите меѓу САД и Мексико се затегнати по изборот на Доналд Трамп за претседател и поради неговата намера да изгради ѕид за да ја спречи имиграцијата од Мексико.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.