Прегратка на солидарноста во Барселона
Двајцата пријатели Пако и Џино на шеталиштето Ла Рамбла организираа собир под назив „Прегратка“
Catalonia
БАРСЕЛОНА (АА) - Во Барселона, по терористичкиот напад е организиран собир на кој граѓаните се прегрнуваа за да искажат солидарност, јавува Anadolu Agency (AA).
Двајцата пријатели Пако и Џино носеа транспаренти на кои пишуваше „Прегратка на солидарноста“ и „Бори се со љубов против омразата и стравот“.
Луѓето кои беа на тоа место во таа прилика се прегрнуваа едни со други во знак на солидарност и шириње на љубов и доверба.
Терористичката организација ДЕАШ презеде одговорност за нападот во Барселона. Најмалку 13 лица загинаа, а околу 100 се повредени кога во шеталиштето Лас Рамблас во центарот на Барселона комбе влета во група пешаци.
Во Камбрилс, полицијата уби пет лица кои носеле лажни бомбашки појаси и со автомовил влетале во група туристи и локално население. Во тој инцидент се повредени шест лица, меѓу кои и еден полицаец. Една жена почина вчера од здобиените повреди, па вкупниот број на жртви од вчерашниот напад е 14 лица.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.