свет

Премиерката на Шкотска бара нов референдум за независност

Гласачите на референдумот во Шкотска во 2014 одлучија да останат дел од В. Британија, но Старџен рече дека одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ доведе до промени во материјалните околности

Ekipa  | 13.03.2017 - Обновена : 14.03.2017
Премиерката на Шкотска бара нов референдум за независност

Edinburg

ЕДИНБУРГ (АА) – Шкотската премиерка Никола Старџен денес изјави дека забрзано работи на тоа шкотските гласачи да добијат шанса да ја направат независна својата земја, јавува Anadolu Agency (AA).

Таа истакна дека ќе бара одобрение за организирање на нов референдум за независност на Шкотска.

Старџен додаде дека британската премиерка Тереза Меј засега одбива да направи компромис со Шкотска кога станува збор за Брегзит, излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.

Исто така, таа додаде дека за Шкотска е важно да се преземат активни чекори за да ги заштити своите интереси, додека Велика Британија се подготвува да го започне процесот на излез од ЕУ.

Гласачите на референдумот во Шкотска во 2014 година одлучија да останат дел од Велика Британија, но Стурџеон рече дека одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ доведе до промени во материјалните околности.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın