свет

Рохани: Иран може да започне нуклеарна програма за неколку часа

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека тоа може да се направи за еден час и ден, доколку Вашингтон продолжи со заканите и санкциите за Иран

Ekipa  | 15.08.2017 - Обновена : 16.08.2017
Рохани: Иран може да започне нуклеарна програма за неколку часа

Teheran

ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека неговата земја е во состојба повторно да ја активира нуклеарната програма за само неколку часа, јавува Anadolu Agency (AA).

Рохани во своето обраќање пред пратениците рече дека ова може да се направи за еден час и ден, доколку Вашингтон продолжи со заканите и санкциите кон Иран.

Како што рече тој, кога би се активирала, програмата би можела да се доведе до многу понапредно ниво од она што беше во 2015 година, кога Иран потпиша нуклеарен договор со светските сили, со којшто Техеран го ограничи збогатувањето на ураниум заради укинување на санкциите.

Неговите изјави не ги докажуваат моменталните способности на Иран, но би можеле дополнително да го зголемат притисокот врз администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Иранскиот претседател, сепак, го ублажи говорот додавајќи дека Техеран останува посветен на своите обврски според договорот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.