свет

Русија реагираше на воената интервенција на САД во Сирија

„Тоа е кршење на меѓународното право на суверена држава. Нападот е изведен од вештачки причини", рече Песков

Ekip  | 07.04.2017 - Обновена : 07.04.2017
Русија реагираше на воената интервенција на САД во Сирија

Moskova

МОСКВА (AA) - Гласноговорникот на кабинетот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, порча дека утринскиот напад на воената база на силите на режимот Башар ал-асад во Сирија е кршење на меѓународните права на суверена држава, јавува Anadolu Agency (AA).

„Тоа е кршење на меѓународното право на суверена држава. Нападот е изведен од вештачки причини", рече Песков.

Според соопштението на Пентагон, воздухопловната база Шајрат гаѓана е со 59 проектили Томахавк утрово околу пет часот по локално време. Проектилите се лансирани од американските бродови во домет на базата. Пентагон наведе дека им е познато дека во базата се наоѓаат и руски војници и дека Русија во текот на денот била известена за нападот.

Претседателот на САД Доналд Трамп по ракетирањето на базата на Асад повика на поддршка на тој воен чекор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın