САД донесоа одлука за депортација на 15 кубански дипломати
САД објавија дека 22 дипломати и членовите на нивните семејства од амбасадата во Хавана, од „непознати” причини го загубиле слухот
Washington
ВАШИНГТОН (АА) - Министерот за надворешни работи на Куба, Бруно Родригез, за одлуката на САД да депортира 15 кубански дипломати од земјата, рече дека претставува акт на „неодговорност“, јавува Anadolu Agency (AA).
Родригез на прес-конференицијата организирана во главниот град на Куба, Хавана, изјави дека кубанската Влада ги исполни своите обврски кон странските претставници во оваа земја.
Родригез реагираше на одлуката на САД да ги врати во матичната земја 15-те кубански дипломати од Вашингтон, нарекувајќи го тоа како „акт на неодговорност“.
Шефот на американската дипломатија, Рекс Тилерсон, денеска изјави: „На 3. октомври, Стејт департментот ја информираше владата на Куба дека е донесена одлука според којашто е потребно 15 кубански дипломати кои се на должност во Вашингтон, да се вратат во матичната земја“.
Во изјавата се истакнува дека САД го намалуваат бројот на дипломатите на Куба и оти се повикани сите семејства на дипломатите во Куба да се вратат во САД. Од американскиот Стејт департмент се вели дека сѐ додека кубанската Влада не обезбеди сигурност за американските дипломати, во Хавана ќе има мал број американски дипломати.
САД објави дека 22 дипломати и членови на нивните семејства од амбасадата во Хавана, од „непознати“ причини го загубиле слухот. Дипломатите тврдат дека врз нив е изведен напад со еден вид соничен апарат кој може да предизвика загуба на слухот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.