САД: Застрелан член на Конгресот, повредени неколку лица
Американските медиуми објавија дека е застрелан Стив Скелис од Луизијана, член на Претставничкиот дом на САД и член на Републиканската партија, и неговите помошници
Alexandria
AЛЕКСАНДРИЈА (АА) - Неколку луѓе се застрелани, вклучувајќи го и членот на Конгресот на САД, за време на безбол тренинг во сојузната американска држава Вирџинија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во Александрија соопшти дека во тек е истрага по информациите за пукотница во едно предградие на градот.
Американските медиуми објавија дека е застрелан Стив Скелис од Луизијана, член на Претставничкиот дом на САД и член на Републиканската партија, и неговите помошници.
Меѓу повредените има и двајца полицајци.
Престрелката се случи на теренот за безбол во паркот Јуџиин стадион Симпсон.
