свет

САД ѝ порачаа на Северна Кореја: Не сакаме судир, не нѐ присилувајте на тоа

Американската амбасадорка во Обединетите нации (ОН), Ники Хејли, изјави дека САД не сакаат да предизвикаат конфликт

Betül Yürük  | 20.04.2017 - Обновена : 20.04.2017
САД ѝ порачаа на Северна Кореја: Не сакаме судир, не нѐ присилувајте на тоа

New York

ЊУЈОРК (АА) - Американската амбасадорка во Обединетите нации (ОН), Ники Хејли, изјави дека САД не сакаат да предизвикаат конфликт, и ја повика Северна Кореја да не ги присилува на тоа, јавува Anadolu Agency (AA).

Хејли истакна дека спречувањето на тензиите, кои се во пораст поради тестирањето ракети од страна на Северна Кореја, повторно зависи од таа земја.

Таа додаде дека на најјасен можен начин го предупредиле Пјонгјанг.

„Сакаме Северна Кореја да знае - ние не сакаме судир и не нѐ присилувајте на тоа“, изјави Хели, која додаде дека „топката е на нивен терен и во овој момент не би требало да искушуваат и да си играат“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека ги поддржуваат сите напори за „Северна Кореја да нема (нуклеарен) капацитет кој ќе претставува закана не само на регионот туку и на целиот свет“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın