СЗО: Постојат докази дека во нападот во Идлиб е користен нервен гас
„Ние сме во состојба на подготвеност поради извештаите кои покажуваат дека се употребени високотоксични хемикалии во нападот со хемиско оружје...“
Geneve
ЖЕНЕВА (АА) – Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека се најдени наоди кои укажуваат на тоа дека во нападот со хемиско оружје во сирискиот град Идлиб е употребуван нервен гас, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние сме во состојба на подготвеност поради извештаите кои покажуваат дека се употребени високотоксични хемикалии во нападот со хемиско оружје, извршен врз сирискиот град Идлиб, во кој животот го загубија над 70 лица, меѓу кои и деца, а стотици се затруени од гасот“, се вели во соопштението на СЗО.
Светската здравствена организација соопшти дека последниот напад со хемиско оружје е најужасниот напад по оној извршен во 2013 година, врз сирискиот град Гута. Во соопштението се наведува дека и изутринава во Идлиб е користено високотоксично хемиско оружје и дека е ограничен капацитетот на болниците во оваа област.
СЗО, исто така, соопшти дека поради нападите врз болниците, тие не можат да функционираат и дека пациентите се пренесуваат во Турција.
„Постојат наоди кои покажуваат дека во некои случаи лицата биле изложени на нервен гас што содржи органски фосфор“, се вели во соопштението, и се наведува дека акутниот респираторен дистрес е причина за смрт кај затруените во нападот со хемиско оружје во Идлиб.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.