свет

Трамп го назначи МекМастер за нов советник за национална безбедност

Х.Р. МекМастер бил на боиштата во Ирак и во Авганистан, каде што работел на антикориупциски операции, а познат е како еден од најголемите воени интелектуалци во САД.

Hakan Çopur  | 21.02.2017 - Обновена : 21.02.2017
Трамп го назначи  МекМастер за нов советник за национална безбедност

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп го назначи генерал-полковник Херберт Рејмонд МекМастер (54) за советник за национална безбедност во Белата куќа, јавува Anadolu Agency (AA).

МекМастер на таа позиција ќе го наследи Мајкл Флин, кој поднесе оставка по скандалот за сомнителните телефонски разговори со руската администрација, за кои не го извести американскиот потпретседател Мајк Пенс.

Досегашниот вршител на должноста советник за национална безбедност, Кит Келог, ќе ја преземе функцијата шеф на Националниот совет за безбедност.

Трамп изјави дека комбинацијата МекМастер и Келог, како што рече, „е нешто многу, многу посебно“.

„Тој е човек со неверојатен талент и големо искуство. Ужива голема почит кај целата армија“, рече Трамп за новоименуваниот советник.

Х.Р. МекМастер, како што го нарекуваат скратено, бил на боиштата во Ирак и во Авганистан, каде што работел на антикориупциски операции, а познат е како еден од најголемите воени интелектуалци во САД.

Да потсетиме, првиот избор на Доналд Трамп, адмиралот во пензија Роберт Харвард, ја одби таа должност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.