свет

Трамп нема да присуствува на годишната вечера со новинарите

„Јас нема да присуствувам на овогодишната вечера со Здружението на дописници од Белата куќа. Ве молам да ги пренесете моите најдобри желби, ви посакувам да си поминете убаво“

Canberk Yüksel  | 26.02.2017 - Обновена : 26.02.2017
Трамп нема да присуствува на годишната вечера со новинарите

New York

ЊУЈОРК (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, кој има затегнати односи со медиумите, во вчера објави дека нема да присуствува на годишната вечера со новинарите, јавува Anadolu Agency (AA).

„Јас нема да присуствувам на овогодишната вечера со Здружението на дописници од Белата куќа. Ве молам да ги пренесете сите мои најдобри желби и ви посакувам да си поминете убаво“, напиша Трамп на Твитер.

Односите на Трамп со медиумите се затегнати, а некои медиуми тој ги нарече „лажни вести“, по објавувањето на контроверзните детали во врска со неговата администрација.

Вечерата со Здружението на дописници традиционално се одржува во април, а на неа редовно присуствуваат претседателот, новинарите на Белата куќа и јавни личности.

Присуствувајќи на вечерата во 2011 година, Трамп беше цел на комичарот Сет Мејерс, кој тогаш го исмеа американскиот бизнисмен поради гласините дека ќе се кандидира за претседател во 2012 година.

Во својот говор таа ноќ и претседателот Барак Обама се шегуваше на сметка на можната кандидатура на Трамп. Две недели подоцна, Трамп ја отфрли кандидатурата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın