свет

Тројца мртви во напад на канцеларија на руската разузнавачка агенција

Непознат маж поминал покрај детекторот за метал, влегол во приемниот дел на канцеларијата во областа Хабаровски крај и отворил оган кон лицата што се нашле таму во моментот

Ekip  | 21.04.2017 - Обновена : 21.04.2017
Тројца мртви во напад на канцеларија на руската разузнавачка агенција

Moskva

МОСКВА (АА) - Руската разузнавачка агенција (FSB) соопшти дека три лица загинале, вклучувајќи го и напаѓачот, а едно лице е повредено во оружен напад на канцеларија на агенцијата на Далечниот Исток, јавува Anadolu Agency (AA).

Од ФСБ, која е наследник на КГБ, во денешното соопштение се наведува дека непознат маж поминал покрај детекторот за метал, влегол во приемниот дел на канцеларијата во Хабаровски крај и отворил оган кон лицата што се нашле таму во моментот.

Убиени се еден службеник на ФСБ и еден посетител, а едно лице е рането. Службениците задолжени за безбедност потоа го убија напаѓачот.

ФСБ не ги објави веднаш деталите во врска со напаѓачот.

Сликите на социјалните мрежи покажуваат дека полициски кордон ја опколил зградата на ФСБ во областа Хабаровски крај, која од границата со Кина е оддалечен триесетина километри.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın