Украина: Пожар во складиште за муниција, масовна евакуација на населението
Складиштето во кое се сместени илјадници тони муниција, вклучувајќи ракети и артилерија, се наоѓа на 100 километри од зоната на судири со проруските сепаратисти
Kiev
КИЕВ (АА) – Утринава, голем пожар зафати складиште за муниција во градот Балаклија, во источниот дел на Украина, при што се евакуирани 20.000 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Складиштето во кое се сместени илјадници тони муниција, вклучувајќи ракети и артилерија, се наоѓа на 100 километри од зоната на судири со проруските сепаратисти.
Спасувачките тимови ја надгледуваат масовната евакуација на луѓето кои живеат во градот и во околните села.
Медиумите наведуваат дека муницијата во складиштето се користи за снабдување на воените единици во конфликтните зони.
„Би-би-си“ потсетува дека во декември 2015 година имало слични обиди за подметнување пожар во споменатото складиште.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.