свет

Франција: Најмалку 8 повредени во оружен напад пред џамија во Авињон

Двајца напаѓачи синоќа, пред џамијата во квартот Ле гранж Д’оре во Авињон, во јужниот дел на Франција, отворија оган врз верници во времето кога тие излегуваа од џамијата по вечерната молитва

Ömer Aydın  | 03.07.2017 - Обновена : 04.07.2017
Франција: Најмалку 8 повредени во оружен напад пред џамија во Авињон

Avignon

АВИЊОН (АА) - Најмалку осум лица се повредени во оружен напад пред џамија во францускиот Авињон, јавува Anadolu Agency (AA).

Двајца напаѓачи синоќа, околу 22:30 часот, пред џамијата во квартот Ле гранж Д’оре во Авињон, во јужниот дел на Франција, отворија оган врз верници во времето кога тие излегуваа од џамијата по вечерната молитва.

Маскираните напаѓачи пред џамијата повредија четири лица, а потоа пукаа и на станбен објект во близина, при што беа повредени уште четири лица, пренесува францускиот весник „La Provence“ (Ла Прованс).

Полицијата покрена широка истрага со цел да ги пронајде и да ги уапси напаѓачите, а мотивот за нападот ќе се утврдува во текот на самата истрага.

Три дена претходно, во близина на Париз, терорист се обиде со возило да влезе во простор пред една џамија, каде што стоеја верници што го напуштаа објектот.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın