Франција потврди дека режимот на Асад користел хемиско оружје во Идлиб
„Според примероците што ги пронајде француската разузнавачка служба, единиците што се поврзани со силите на режимот на Асад, без сомнение во нападот на 4 април употребиле нервен гас сарин“, соопшти министерот Еро
Paris
ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Еро, соопшти дека се точни тврдењата оти режимот на Асад користел хемиско оружје во нападот во Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот на Советот за безбедност во Елисејската палата, министерот Еро со медиумите ги сподели информациите околу доказите до кои дошла француската разузнавачка служба.
„Според примероците што ги пронајде француската разузнавачка служба, единиците што се поврзани со силите на режимот на Асад, без сомнение во нападот на 4 април употребиле нервен гас сарин“, соопшти министерот Еро.
Тој истакна дека таков метод за извршување напад користи само режимот и дека на тој начин е идентификуван одговорниот за нападот.
„Знаеме, бидејќи имаме примероци од претходните напади и можевме да извршиме споредба“, истакна министерот Еро.
Во нападот со хемиско оружје кај Идлиб животот го загубија 100 лица, меѓу кои и жени и деца“.