свет

Шпанија: Каталонските политичари на сослушување поради бунтот

Пучдемон, кој се наоѓа во Белгија со уште четворица други членови на регионалната влада, рече дека ќе го игнорира повикот за сослушување, поради што може да биде распишана потерница за негово апсење и да започне процесот на екстрадиција

Ekip  | 02.11.2017 - Обновена : 02.11.2017
Шпанија: Каталонските политичари на сослушување поради бунтот

Madrid

МАДРИД (АА) - Сменетите членови на каталонската Влада и Парламент почнуваат да се појавуваат пред судот во Мадрид, со цел да се соочат со можните обвиненија за бунт поради прогласувањето независност на Каталонија од Шпанија, јавува Anadolu Agency (AA).

Дваесет регионални политичари, меѓу кои и каталонскиот претседател Карлес Пучдемон, денес се поканети на сослушување откако главниот обвинител побара да е подигне обвинение за бунт, востание и проневера.

Пучдемон, кој се наоѓа во Белгија со уште четворица други членови на регионалната влада, рече дека ќе го игнорира повикот за сослушување, поради што може да биде распишана потерница за негово апсење и да започне процесот на екстрадиција.

Во повиканата група каталонски политичари, покрај лидерот, има 13 членови на Владата и шестмина пратеници од Собранието.

Ориол Жункерас, поранешен потпретседател на Каталонија, беше првиот што пристигна во шпанскиот национален суд.

За кривичните дела за коишто се повикани на сослушување се предвидува казна до 30 години затвор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın