свет

Јапонија вети милијарда долари за исполнување на целите на ОН

Министерот Kишида истакна дека визијата на Јапонија, преку целите на ОН, е „создавање на разновидно и инклузивно општество во кое никој не заостанува зад никого“

Ekip  | 18.07.2017 - Обновена : 19.07.2017
Јапонија вети милијарда долари за исполнување на целите на ОН

Sarajevo

ЊУЈОРК (АА) - Фумио Kишида, министер за надворешни работи на Јапонија, изјави дека неговата земја до 2018 година ќе одвои една милијарда долари (околу 868 милиони евра) за постигнување на целите на Обединетите нации до 2030 година. Меѓу овие цели се унапредување на образованието и здравствената заштита за деца, како и родовата еднаквост и намалување на ризикот од природни катастрофи, јавува Anadolu Agency (AA).

Kишада ова го објави вчеравечер, на состанокот на високо ниво на кој е проценет напредокот кон исполнување на 17 цели усвоени од страна на светските лидери, со цел борба против сиромаштијата, промовирање на доброто управување и заштитата на животната средина.

Министерот Kишида истакна дека визијата на Јапонија, преку целите на ОН, е „создавање на разновидно и инклузивно општество во кое никој не заостанува зад никого“.

Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН, го претстави извештајот за напредокот во имплементацијата на целите и рече дека темпото на напредок во многу области е многу побавно отколку што е потребно за да се постигнат целите до 2030 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın