свет

Јужна Кореја: Судир меѓу противниците и поддржувачите на Трамп

Околу 8.600 демонстранти се собраа пред парламентот во Јужна Кореја, каде што Трамп одржа говор

Tevfik Durul  | 08.11.2017 - Обновена : 08.11.2017
Јужна Кореја: Судир меѓу противниците и поддржувачите на Трамп

Seul

СЕУЛ (АА) - Во Сеул, главниот град на Јужна Кореја избувна физичка пресметка меѓу противниците и поддржувачите на Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).

Во рамките на дводневната официјална посета на Северна Кореја, која е дел од турнејата по Азија, Трамп имаше свое обраќање пред пратениците во Националниот парламент на Јужна Кореја.

Неколку часа пред говорот на Трамп во парламентот, пред парламентарната зграда се собраа околу 8.600 противници и поддржувачи на американскиот лидер.

Противниците на Трамп, кои во рацете носеа плакати на кои беше испишано „НЕ за Трамп, НЕ за војната“, го бранеа ставот дека целта на поделбата на луѓето со расизам е уништување на мирот.

Поддржувачите на Трамп го извикуваа слоганот: „Го сакаме Трамп“, упатувајќи повик за зацврстување на сојузништвото меѓу САД и Јужна Кореја.

Во физичката пресметка меѓу двете групи беше повредено едно лице.

За време на протестот беа ангажирани 18.000 полицајци. Формирајќи безбедносен ѕид, полицијата спречи да се разгори пресметката.

Противниците и поддржувачите на Трамп и вчера во различни делови од градот одржаа протестни маршеви.

Трамп е првиот претседател на САД кој во последните 25 години престојува во официјална посета на Јужна Кореја. Посетата на оваа земја ја започна со Кампот Хемфрис, најголемата воена база надвор од границите на САД. Подоцна се состана со Мун Џае-ин, претседателот на земјата-домаќин. На средбата станало збор за ситуацијата со Северна Кореја и за билатералните трговски прашања.

Со своето обраќање пред пратениците во Парламентот на Јужна Кореја, Трамп ја заврши својата дводневна турнеја во оваа земја и својата турнеја низ Азија ја продолжува во Кина.

Азиската турнеја на Трамп започна со посетата на Јапонија, Северна Кореја, а по Кина ќе ги посети Виетнам и Филипините.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın