„Ако бебињата ги напаѓате со хемиско оружје, ќе го добиете одговорот на Трамп"
„Приоритет на САД на Блискиот Исток е ДЕАШ. Меѓутоа, не можеме да замислиме сигурна и стабилна Сирија предводена од администрацијата на Асад“, изјави Шон Спајсер, гласноговорник на Белата куќа
Washington DC
ВАШИНГТОН (AA) - „Доколку бебињата ги напаѓате со хемиско оружје, ако против невини луѓе користите барелни бомби, ќе го добиете одговорот на претседателот (Доналд Трамп)“, изјави гласноговорникот на Белата куќа, Шон Спајсер, за нападот со хемиско оружје во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Спајсер рече дека одлуката на Трамп за напад на базата со проектил беше свесен и правилен избор и укажа на тоа дека САД се подготвени да одговорат доколку дојде до нови напади со хемиско оружје.
„Доколку бебињата ги напаѓате со хемиско оружје, ако против невини луѓе користите барелни бомби, ќе го добиете одговорот на претседателот (Доналд Трамп)“, рече тој.
Спајсер наведе дека ДЕАШ е приоритет за САД на Блискиот Исток, но дека нема да молчи пред убивањето деца со хемиско оружје од страна на режимот на Асад.
„Приоритет на САД на Блискиот Исток е ДЕАШ. Меѓутоа, не можеме да замислиме сигурна и стабилна Сирија предводена од администрацијата на Асад“, изјави Спајсер и додаде дека ги повикуваат меѓународните лидери на соработка за запирање на нападите со хемиско оружје.
Гласноговорникот на Белата куќа укажа на тоа дека е потребно прво да се запре насилството и додаде дека е тешко да се преземат одредени конструктивни чекори за иднината на режимот на Асад додека не биде остранета заканата од ДЕАШ.
„Таму (во Сирија) сѐ повеќе е ДЕАШ и се зголемува користењето на хемиско оружје. Мораме тоа да го решиме. Единствено потоа можеме да направиме политички, економски и дипломатски притисок за режимска промена“, смета Спајсер.
Запрашан за тоа дали тоа што го прави Асад се вбројува во воено злосторство, Спајсер рече дека единствено судот ќе може за тоа да одлучува.
Нападот на воздушната база „Шајрат“ Спајсер го окарактеризира како многу успешнен и додаде дека базата моментално се користи, но дека со нападот е уништен околу 20 отсто од капацитетот на воздушните сили на Сирија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.