„Брегзит треба да се прекине поради штетата по британската економија“
Поранешниот британски премиер, Тони Блер, изјави дека постои можност В. Британија да не ја напушти ЕУ, и дека запирањето на Брегзит е потребно за да се избегнe сериозната штета во економијата
London
ЛОНДОН (АА) - Поранешниот британски премиер, Тони Блер, изјави дека постои можност Велика Британија да не ја напушти Европската Унија, и дека запирањето на Брегзит е потребно за да се избегнe сериозната штета во економијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во статијата, која вчера ја објави Институтот за глобални промени на Блер, тој напиша дека лидерите на ЕУ може да бидат подготвени за реформи со цел да се најдат на половина пат за да ја задржат Британија во рамките на блокот.
Блер исто така за „Sky News“ (Скај њуз) изјави дека секој ден носи нови докази за штетата од Брегзит за Велика Британија, како на пример забавување на економскиот раст и значително намалување на вредноста на фунтата.
Блер ја напушти премиерската функција во 2007 година, а неговите интервенции во британската политика се секогаш предмет на дебата.
Тој победи во три последователни изборни процеси како лидер на Лабуристичката партија, но многумина не му го простија приклучувањето во војната во Ирак.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.