„Диселгејт“, причината за смртта на 5.000 лица годишно
Во истражувањето се истакнува дека смртта на најмалку 10.000 недоносени бебиња во Европа е директно поврзана со „Диселгејт“
Paris
ПАРИЗ (АА) - Во Европа околу 100.000 возила кои испуштаат емисија на азотни оксидни гасови, а се прикажува дека имаат ниска емисија на овие гасови (скандалот „Диселгејт“ ) се причина за смртта на 5.000 лица годишно, јавува Anadolu Agency (AA).
Норвешкиот институт за метеорологија и применета системска анализа (IIASA) спроведе истражување според кое забележан е пораст на смртноста во Европа поради скандалот „Dieselgate" („Диселгејт“).
Во истражувањето се истакнува дека во рамките на скандалот „Диселгејт“ и емисијата на азотни оксидни гасови во околината, во Европа годишно животот го губат 5.000 лица, додавајќи дека смртта на најмалку 10.000 недоносени бебиња во Европа е директно поврзана со „Диселгејт“ .
Според истражувањето, најзагрозени од емисијата на отровни гасови се европските земји, меѓу кои на прво место Италија, Германија и Франција поради големиот број дизел возила и густата населеност.
Најмалку загрозени од отровните гасови се Норвешка, Финска и Јужен Кипар.
Скандалот се случи во септември 2015 година кога се откри дека „Volkswagen“ (Фолксваген) лажно ги прикажува резултатите на излезните гасови во неговите возила и компанијата беше приморена да ги повлече возилата. Во истиот период беше соопштено дека и компаниите Fiat, Peugeot и Renault користеле слични методи.
Истражувањето е објавено во списанието „Environmental Research Letters".
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.