Burak Bir
29 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
АНКАРА
Турската полиција приведе 12 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Приведувањата се извршени откако од Канцеларијата на јавниот обвинител на Анкара се издадени налози за приведување на 15 осомничени лица кои се товарат за користење на „Бајлок“, апликацијата за шифрирано допишување за паметни телефони на терористичката организација.
Приведувањата се извршени во Анкара и полицијата е во потрага по останатите осомничени.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.