????? ??????????-???????
12 Ноември 2015•Ажурирај: 13 Ноември 2015
ЧАНАККАЛЕ (АА) – Стотици илјади бегалци кои преку Турција тргнаа на т.н „пат на надежта“ кон Европа очекуваат дека на Самитот на лидерите на земјите од Г20 во Анталија, на 15 и 16 ноември ќе бидат донесени конкретни одлуки кои ќе им помогнат на загрозените и протераните бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Бехроуз Сатар (25), бегалец од Авганистан, тврди дека од криза зафатениот Авганистан дошол со помош на луѓе на кои им платил 5.000 евра за превоз до Истанбул, а потоа и до брегот на Егејското Море, до местото Ајвачик кај Чанаккале.
Додава дека целта му е да премине на грчкиот остров Лесбос и да го продолжи патот кон западна Европа. Истакнувајќи дека единствената желба на бегалците е да живеат достоинствен живот, Сатар тврди дека при патувањето до Чанаккале изгубил неколку членови од семејството.
"И ние сме луѓе како и сите други, но состојбата во нашата земја е неиздржлива. Не сакаме да умреме и затоа сме овде. Ова е исклучително тежок и напорен пат. Нашиот сон е да дојдеме во Европа, да се вработиме и да живееме. Се надевам дека за тоа ќе стане збор на Самитот Г20 во Турција и дека бегалците ќе добијат свои основни права“, рече Сатар.
Уште еден од оние кои имаат намера од Турција да преминат на Лесбос, Лебуда Абдул Белам (32) вели дека родната Сирија ја напуштил пред десет години. Потсетувајќи дека голем број сириски бегалци загинаа на патот кон Европа, Белам кажа дека не било воопшто лесно да се донесе одлука и да остави сè во Сирија и да се тргне во непознато со надеж за подобар живот.
„Избавете не од хаосот во нашите земји и помогнете ни да дојдеме до Европа. Ова е исклучително тешко искуство, но немавме избор. Чувме дека Ангела Меркел доаѓа во Турција и се надеваме дека ќе стори нешто за нас. Нека ни помогне и Обама. И ние сакаме да живееме“, порача Сиријецот Белам.
И Амир Гирјан од Иран сака да дојде во Европа и да го продолжи школувањето. Тврди дека на пат од Техеран до Истанбул го изгубил вујкото со кого и тргнал на пат. И Мухамед Акин од Авганистан порачува дека својата татковина ја напуштил поради хаосот во неа каде алтернатива му била да земе оружје в рака и да стане милитант.
„Заради тоа сакаме во Европа. Дајте ни храна и вода и дозволите ни да одиме кон западна Европа. Ние мораме“, кажа Акин.
Уште еден Авганистанец, Мухамед Реза, во разговор со новинарот од АА кажа дека од Авганистан бега од талибанците покажувајќи ја протезата на десната нога, кажа дека тоа е плод на злото во кое се наоѓа Авганистан.
Турската полиција презема зајакнати безбедносни мерки во Анталија, поточно во местото Белек, каде на 15 и 16 ноември ќе се одржи Самитот Г20 на кој учество најавија лидерите на најразвиените земји во светот.