???????? ??????????
16 Ноември 2015•Ажурирај: 17 Ноември 2015
БЕЛГРАД (АА) – Иако еден од осомничените за терористичките напади во Париз е регистриран дека поминал низ Србија и побарал азил во прифатниот центар во Прешево, бегалците од Блискиот и Средниот Исток во овој центар пристигнуваат и понатаму, а процесот на нивно прифаќање се одвива нормално како и претходните денови, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на хуманитарните организации задолжени за нивното примање, бројот на бегалци во Прешево изнесува околу четири илјади.
„Овој терористички акт уште повеќе нè мотивираше да пружиме подобро добредојде на бегалците кои доаѓаат од Сирија, Иран и други држави бидејќи сега непријателот ни е ист, и на Европа и на луѓето од Средниот и Блискиот Исток, па барем можеме да им помогнеме кога поминуваат низ нашиот град“, рече Ваљон Арифи од организацијата „Младите за бегалците“, од Прешево.
Како што наведоа некои од бегалците, не се многу известени за терористичките напади во Париз, но го оценуваат како стравичен чин, освен што е нехумано, тоа е против исламот и може лошо да делува на нивната иднина.
„Јас сум загрижен што се шири лоша слика за исламот, дека исламот е вера на тероризмот. Јас сум загрижен поради тоа“, рече Ахмед Уда од Сирија.
Наведувајќи дека од своите земји избегаа од таквите луѓе и ситуации, Махмудразик Харузим од Авганистан рече:
„Не сакам да умрам, тие убиваат секого, за ништо, само убиваат. Затоа ги напуштаме тие земји, нашите земји. Ние не сакаме да загинеме, сакаме да преживееме, но тие убиваат сè. Тоа не е добро, не е добро за никого.“
Министерството за внатрешни работи на Србија вчера соопшти дека еден од осомничените терористи А.А, за кој се интересираат француските безбедносни служби, регистриран е на граничнипгт премин во Прешево на 7-ми октомври оваа година, каде формално побарал азил.
Со проверка на податоците утврдено е дека осомничениот А.А идентификуван е во Грција на 3-ти октомври и дека по него немало распишана потерница од Интерпол.