Amina Zorniç
24 Ноември 2015•Ажурирај: 24 Ноември 2015
САРАЕВО (АА) – Истражувањето на меѓународната Организација за економска соработка и развој OECD покажа дека Англија има најголема надомест за универзитетска школарина во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Истражувањето, според британскиот „Гардијан“, опфати над 34 земји од светот и тоа само државните универзитети. По Англија, на второ место по најголеми надоместоци за универзитетска школарина се САД а потоа Јапонија.
Во просек еден студент на англиски унивезитет за додипломски студии во периодот од 2013 и 2014 година уплаќал 6.000 фунти годишно (8.490 евра).
Надоместокот за школарина во САД во истиот период изнесувал околу 3.300 фунти годишно додека во Јапонија 3.000 фунти.
Во извештајот се потенцира дека податоците од САД не се релевантни, бидејќи земјата има поголем број на приватни универзитети, кои не се земени в предвид во истражувањето.